Дебата: Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права
На денот на човековите права, 10 декември, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Институтот за човекови права Ве покануваат да учествувате на дебата на тема „Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права“. Дебатата ќе се одржи во понеделник на 10 декември 2012 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на ГЕМ клубот (Стара чаршија).
Денот на човековите права (Human Rights Day) се одбележува веќе 64 години насекаде ширум светот, а го симболизира донесувањето на Универзалната декларација за правата на човекот, како фундаментален документ кој ги гарантира човековите права ширум светот. Република Македонија се соочува со предизвици во гаранцијата на човековите права, посебно во казнента постапка. Токму затоа, фокусот на оваа дебата е ставен на ПИМ (посебни истражни мерки), поконкретно на лицата со прикриен идентитет.
Се надеваме дека ќе ни се придружите на дебатата и ќе ги дадете Вашите видувања за состојбата со заштитата и гаранцијата на човековите права во Република Македонија.
Програма за работа:
12:00 – 13:00 „Заштитениот сведок” помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права
Воведничари:
Гордан Калајџиев, Професор на Првен факулетет „Јустинијан Први”
Маргарита Цаца – Николовска, Судија на Уставниот суд на БиХ и член на УО на ФООМ
Љубомир Данаилов Фрчкоски, Професор на Првен факулетет „Јустинијан Први”
Филип Медарски, Адвокат
Модератор: Саше Димовски, новинар
13:00 – 14:00 Дискусија