декември 12, 2019

Блупринт група: Правните последици од процесот на лустрација сè уште остануваат во сила

Блупринт групата за правосудство алармира за недостатокот на правен механизам за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација. Процесот на лустрација, кој започна во 2008 година и претрпе измени во 2012 година, по кажување на тогашната власт требаше биде дел од транзиционата правда која ќе овозможи полесен преод од поранешниот режим кон градење плурална демократија во Република Македонија, меѓутоа набрзо се претвори во алатка за политички реваншизам.

И покрај укинувањето на спорниот закон во 2015 година, правните последици за лустрираните продолжуваат да важат, а тие и понатаму немаат механизам за заштита на нивниот личен интегритет и достоинство.

Интегралниот текст на реакцијата на Блупринт групата е достапен подолу:

 

Документи