Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост
јули 13, 2020
Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување;
Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост;
Платформата за Родова еднаквост како мрежа од 23 организации, бара од новата Влада на Северна Република Македонија да ги вклучи следните приоритетни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост во својата програма:
ИНСТИТУЦИОНАЛНА СТРУКТУРА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ (РОДОВА МАШИНЕРИЈА)
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Воспоставување на централен механизам за родова еднаквост како самостојна стручна служба (Секретаријат) во рамки на Владата на РСМ | Влада на РСМ |
2 | Систематизирано работно место – Координаторка за родова еднаквост која ја следи општата политика и ги одобрува годишните планови и мерките за родова еднаквост на ОДУ и ЕЛС | Влада на РСМ, Министерство за информатичко општество и администрација |
РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЕЛС
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Воведување на родовата еднаквост како експлицитна децентрализирана област на надлежност за ЕЛС со буџетска поддршка | Влада на РСМ,Министерство за локална самоуправа, Министерство за финансии |
2 | Обезбедување правен статус на месната самоуправа со систем на избори на совети кој обезбедува балансирано учество на обата пола | Влада на РСМ, Министерство за локална самоуправа |
3 | Проширување на законската обврска за градоначалниците за организирање јавни консултации во подготовка на нацрт-програми и активно информирање за предлози на годишни и развојни програми, буџети и извештаи | Влада на РСМ, Министерство за локална самоуправа |
ЕКОНОМИЈА
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Воведување на специфична мерка за вработување на Ромки со цел нивна работна активација и поддршка при вработување, имајќи ја предвид нивната образовна структура, квалификации и традиционалната улога во семејството | Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на РСМ |
2 | Отворање нови пунктови за регистрација на невработени лица и намалување на временската рамка за редовно пријавување на статусот на невработено лице, што особено ги засега жените | Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на РСМ |
3 | Финансиска поддршка на социјални претпријатија кои ангажираат ранливи групи на жени | Министерство за труд и социјална политика, Министерство за економија |
4 | Буџетска приоретизација и зголемен обем на покриеност на основната инфраструктурата (водовод и канализација, јавен транспорт и снабдување со електрична енергија) во руралните средини | Министерство за финансии, Министерство за транспорт и врски |
5 | Препознавање на неплатениот труд за грижа, во шемите за пензиско и здравствено осигурување | Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Министерство за труд и социјална политика |
6 | Зголемување на бројот и капацитетите на градинките и центрите за ран детски развој, особено во руралните средини | Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование |
7 | Донесување на нов Закон за работни односи по веќе изготвениот предлог закон | Собрание на РСМ |
8 | Воведување на институтот “еднакво плаќање” во ЗРО кој се применува на случаи каде мажите и жените работат различна работа | Собрание на РСМ, Министерство за труд и социјална политика |
9 | Воведување платено отсуство од работа заради рана грижа за деца за двајцата родители, преку дефинирање на мајчинско, непреносливо татковско и споделено родителско отсуство | Собрание на РСМ, Министерство за труд и социјална политика |
10 | Законско регулирање на правото на флексибилно работно време, работа од дома или работа со скратено време, заради грижа за деца до 8 годишна возраст или грижа за лица кои имаат потреба од долготрајна нега | Министерство за труд и социјална политика, Собрание на РСМ |
11 | Забрана за престанок на работен однос за време на бременост, раѓање и родителство со непродолжување на договорот за вработување на определено време | Министерство за труд и социјална политика |
12 | Обезбедување правна заштита за време на бременост, раѓање и родителство за работничките без формални договори за вработување и за работничките кои вршат неплатена работа | Министерство за труд и социјална политика |
13 | Водење на родово разделена статистика особено во делот на родова дискриминација | Државен инспекторат за труд |
14 | Подобрување на законските надлежности за поведување на кривични пријави против работодавачи кои ги прекршуваат работничките права | Државен инспекторат за труд |
15 | Градење капацитети на администрацијата за препознавање на родово базирана дискриминација на работно место на сите релевантни институции | Влада на РСМ |
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Зголемен број на загрижувачки домови и капацитети за алтернативни форми на згрижување на лица со попречениот, стари лица, бездомни лица и други ранливи категории со достојни услови за живот и само-развивање | Влада на РСМ, Министерство за труд и социјална политика, |
ДИСКРИМИНАЦИЈА
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Повторно изгласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација | Министерство за труд и социјална политика, Собрание на РСМ |
РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО (РБН)
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Итно усвојување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство | Собрание на РСМ |
2 | Измени и дополнување на Законот за социјална заштита – препознавање на жени жртви на насилство како посебно ранлива категорија | Министерство за труд и социјална политика |
3 | Измени и дополнување на Законот за семејство и усогласување со одредбите на Истанбулската Конвенција за елиминација на сите форми на насилство врз жената во чл.31, чл.32 итн. | Министерство за труд и социјална политика |
4 | Измени и дополнувања на Кривичниот законик во насока на криминализирање на сите форми на родово-базирано насилство предвидени со Истанбулската конвенција | Собрание на РСМ |
5 | Воведување на посебни одделенија при ОЈО и судовите кои ќе бидат специјализирани и единствено надлежни да постапуваат по предмети за родово-базирано насилство | Собрание на РСМ,Судски совет, Совет на Јавни обвинители |
6 | Формирање на државен фонд за исплата на издршка за деца, и преземање на обврската на државата да ги наплати долговите од родителот кој е задолжен од Судот да плаќа издршка | Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за финансии |
7 | Жените жртви на насилство да се препознаат како посебно ранлива категорија во Законот за домување, односно Одлуката за распределба на социјални станови и да се измени методологијата врз основа на која се бодуваат определени категории на апликанти за социјален стан | Министерство за транспорт и врски, Единици на локалната самоуправа |
ОБРАЗОВАНИЕ
Реформа | Надлежна институција/и | |
1 | Воведување на сеопфатно сексуално образование како изборен предмет во основното и средното образование | Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието |
2 | Обезбедување пристап до бесплатни менструални производи во основни и средни училишта и на универзитетите | Министерство за образование и наука, Министерство за локална самоуправа |
3 | Воспоставување институционални механизми за заштита од сексуално вознемирување на универзитетско ниво | Министерство за образование и наука |
4 | Развивање кодекс за родова сензитивност и безбедност во образовните институции | Министерство за образование и наука |
5 | Донесување нов закон за средно образование со вклучени механизми за превенција и заштита од родова дискриминација и насилство | Министерство за образование и наука, Собрание на РСМ |
6 | Донесување на нов Закон за учебници во основното и средното образование кој ќе гарантира отсуство на учебникарски содржини кои промовираат родови стереотипи, нееднаквост и дискриминација | Министерство за образование и наука, Собрание на РСМ |
ЗДРАВСТВО
Реден број | Реформа | Надлежна институција/и |
1 | Регистрација на лекови за медикаментозен абортус и воведување на абортусот со лекови како метода за прекин на бременоста во здравствените установи | Министерство за здравство |
2 | Воведување најмалку три модерни контрацептивни средства (орални таблети, спирала) на позитивната листа на лекови | Фонд за здравствено осигурување |
3 | Дефинирање на нов модел на плаќање на матичните гинеколози во примарната здравствена заштита со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на услугите и елиминирање на незаконската наплата | Фонд за здравствено осигурување, Министерство за здравство |
СПОРТ
Реден број | Реформа | Надлежна институција/и |
1 | Надополнување или донесување нов Закон за спорт кој е родово сензитивен и ја третира родовата еднаквост како приоритет | Собрание на РСМ |
2 | Најмалку 40% на жени во управните тела и раководните позиции во владините институции надлежни за спорт | Агенција за млади и спорт, Влада на РСМ |
3 | Родовата еднаквост вклучена како посебен приоритет во националната стратегија за спорт | Влада на РСМ, Агенција за млади и спорт |
4 | Сите спортски управни тела да имаат стратегија за родова еднаквост | Агенција за млади и спорт |
5 | Еднаква финансиска поддршка и распределба на ресурси на локално и национално ниво за јавно финансирање на рекреативен и професионален женски спорт | Агенција за млади и спорт,Министерство за локална самоуправа |
6 | Законски решенија за санкционирање на родово-базираното насилство во спортот и обуки за родова сензибилизација на сите носители на одлуки во спортот | Агенција за млади и спорт, Собрание на РСМ |