септември 23, 2021
Пријави говор на омраза!
Вклучи се во борбата против растечкиот говор на омраза, феномен кој е штетен за целото општество и кој поттикнува извршување злосторства од омраза.
Кога зборуваме за говор на омраза, всушност зборуваме за омраза кон различностите. Говор на омраза е вознемирувачко или заканувачко изразување кое содржи предрасуда по основ на раса, религија, етничка припадност, политичка припадност, социјално потекло, попреченост, пол, род, сексуална ориентација и други основи.
Доколку забележиш случај на ваков говор на социјалните мрежи, медиумите или на графити на јавен простор, пријави го на нашата платформа govormaomraza.mk или на helkom@mhc.org.mk со испраќање линк и принтскрин од објавата или фотографија со наведена локација на графитот.