Зошто почнавте да се борите за работнички права?
мај 1, 2020
Здружението „Гласен Текстилец“ објави видео во кое активисти од различни области одговараат на прашањето зошто почнале да се борат за работнички права.
Видеото е создадено со финансиска поддршка од Олоф Палме Центар (Olof Palme International Center) и Шведската влада.
Во видеотот учествуваат претставници на Хелсиншки комитет за човекови права, Конфедерација на синдикалните организации на Македонија – КСОМ, Синдикат на УПОЗ, Синдикат на културата на Република Македонија, Левичарско движење Солидарност, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, Независен академски синдикат – НАкС, Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија – СИЕР.