декември 19, 2019

„Жените имаат права“- проект за јакнење на механизмите за нивна заштита

Подобрување на механизмите на заштита на правата на жените во земјата, зајакнување на капацитетите на граѓанските и невладините организации во земјата за користење на Факултативниот Протокол на CEDAW за поднесување претставки, застапување на правата на жените во случаи на родово – базирано насилство и дискриминација и подигнување на јавната свест за правата на жените и механизмите на заштита, се дел од целите на проектот „Жените имаат права” што го спроведе Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Проектот е дел од Регионална програма на UNWomen во седум земји во регионот. Речиси во зите земји во кои се имлементира оваа програма е забележано кршење на правата на жената и дискриминација по повеќе основи и области, кои се слични или исти, како што се исти и стереотипите со кои се соочуваат жените во овие општества.

Нема посебно истражување кои се разликите или сличностите во стереотипите, но, факт е дека земјите на Западен Балкан сите седум кои се во Регионалната програма се соочуваат со исти стереотипи повразни со жените. Има стереотипи дека жената треба да седи дома, дека мажот треба за да заработува, дека на пример семејното насилство е донекаде прифатлива појава, а не би требало да биде, постои непрепознавање на родово базирано насилство врз жените, рече Татјана Стоименосвка, проектен координатор.

Таа вели дека стереотипите во општествата се негуваат уште од најрана возраст и оти тоа подоцна доведува до дискриминација и повреда на правата на жените.

Затоа, додава таа, на сузбивање на ваквите појави треба да се работи постојано со цел да се превенира подоцнежна дискриминација и кршење на правата на жената.