февруари 7, 2019

ВИДЕО: Стадион на Канал 77 за судбината на СЈО

СЈО ни на небо ни на земја во „Стадион“ на Радио Канал 77 со професорката Гордана Лажетиќ, врховната судијка Лидија Неделкова, професорот Гордан Калајџиев и шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска:

Забраната на Врховниот суд за СЈО е обично писание кое судиите не треба да го почитуваат, законот за Специјалното обвинителство е напишан на англиски јазик и тешко нам ако го толкуваат пратениците, судиите ја решија Катица откако таа не извади од бомбите ниту една кривична пријава за нив, бомбите како доказ ќе може да ги користи и редовното обвинтелство, СЈО треба да биде посебно обвинителство во рамките на Основното јавно обвинителство, зошто Врховниот суд не донел начелно правно мислење по своја иницијатива уште кога се донесени законските измени со што ќе спречеше голем дел од овие истраги да започнат, зошто Врховниот суд и стручната јавност не се спротивставиле на законските измени со кои се дозволува поднесување барање за толкување од адвокати, овв со Врховнито суд многу наликува на амнестијата за 27 април, претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски со години на своја рака намалувал затворски казни надвор од законските одредби.