февруари 7, 2019

Изјава на Уранија Пировска во врска со случајот на Хинд Аболооки од ОАЕ, одбиената барателка на азил во земјава

Бара азил за да се спаси од сурова казна, властите ја отпишаа

Невообичаена ажурност на државните институции и судови, потписи од министри, чудни одлуки и образложенија и посети од поранешни високи функционери од разузнавањето се во приказната на четириесет и две годишната државјанка од Обединетите Арапски Емирати Хинд Аболооки кој во октомври дошла во Македонија барајќи азил за да се спаси од како што тврди семејното насилство на кое била изложена во Дубаи затоа што сакала да се разведе од својот сопруг. Зад себе ги оставила четирите деца и со лична карта побегнала за Бахреин од каде почнува нејзиното патешествие кое завршува во прифатниот центар во Гази Баба.

Во октомври влегува во Македонија од Србија и на 15 октомври бара азил наведувајќи дека е жртва на семејно насилство и дека се соочува со сериозна казна и смрт додколку се врати во матичната држава. Две недели подоцна МВР го одбива нејзиното барање со образложение дека не се потврдени нејзините наводи и ја сместува во центарот во Визбегово. Нејзиниот адвокат ја обжалува одлуката на МВР, а Управниот и Вишиот управен суд експресно го потврдуваат решението на полицијата. Таа е преместена во центарот во Гази Баба а во понеделникот добива известување дека има рок од 15 дена доброволно да ја напушти Македонија или во спротивно да биде депортирана.

Претставници на Хелсиншкиот комитет, по две недели чекање за дозвола, денеска ја посетиле Аболооки во Прифатниот центар. Оттаму велат дека детектирале многу симптоматични работи во нејзиниот предмет и постапки.

Тие се зачудени од фактот што за неа во Прифатниот центар постојат посебни правила, не може телефонски да комуницира или да прима посети од пријатели.

Нејзините адвокати поднеле преставка – времена мерка до судот во Стразбур за да ја спречат нејзината депортација на што добиле позитивна одлука според која Управниот суд мора да се прозинесе по нивната жалба пред да стапи во сила решението на МВР кое и дава рок од 15 дена да ја напушти Македонија.