Уранија Пировска: Законската рамка за исплата на регрес не е јасна

декември 13, 2019

Работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата, наведува Хелсиншкиот комитет за човекови права во правен осврт по однос на правото на регрес за годишен одмор со цел темелно информирање на работниците.

Укажуваат дека законската рамка за исплата на регрес не е јасна, и поради тоа работодавачите често го злоупотребуваат законот и исплаќаат по илјада, а некогаш и по сто денари.