Уранија Пировска: Критичката мисла секогаш ќе остане главно обележје на Хелсиншкиот комитет

јануари 16, 2025

 

Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, во интервју за магазинот Портрет вели:
„Демократскиот развој на едно општество најдобро се отсликува низ состојбите со човековите права, односно свесноста за потребата од нивно почитување и, секако, степенот во кој се остваруваат тие. Секако дека постои напредок во законодавната рамка, па и во свесноста на граѓаните за нивните права и начините на кои можат да ги заштитат, но сè уште не постои навременост и квалитет во остварувањето на човековите права. Не постои континуитет во тој напредок, бидејќи тој најчесто зависи од политичката волја и моменталните интереси на партиите на власт.
Партизацијата, клиентелизмот, корупцијата и неказнивоста сè уште се феномени што се присутни во голема мера и ниту една влада досега не презема категорични мерки за нивно искоренување. Граѓаните и нивните потреби и благосостојба се на маргините на интересот на политичките чинители“.