Реакција од Платформата за родова еднаквост: Поради нехигиена жена почина после направена киретажа
февруари 24, 2023
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на „негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт“ на 52-годишната пациентка од Прилеп.
Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава, се вели во реакцијата од Платформата.
Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, како што потенцираат од Платформата, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа.
Пациентката после изведена киретажа во Прилепската болница била испратена на домашно лекување, а следниот ден се вратила со сериозно влошена состојба. Била испратена на Инфективната клиника во Скопје, каде пристигнала во видно тешка состојба. Била на кислород и исклучително вознемирана, а резултатите од крвната анализа биле лоши.
Операционите сали во Приепската болница се затворени, а вонреден инспекциски надзор изврши Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Телото на жената е предадено на обдукција, а две лаборатории испитуваат дали имало интрахоспитална инфекција,