мај 15, 2019

Правно мислење на Хелсиншкиот комитет за уписот во училиште само на вакцинирани деца

Законската регулатива во Република Северна Македонија налага задолжителна вакцинација против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус, инфлуенца тип Б (ХИБ) и вирусен хепатитис Б за сите лица од определена возраст.[1] Во таа линија, член 67 точка 6 од Законот за заштита на населението предвидува дека ќе се изрече глоба во износ од 300 до 650 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице коешто ќе одбие вакцинирање за овие болести или заштита со специфичен имуноглобулин[2] и лекови.[3] Дополнително, согласно член 46 став 2 од Законот за основно образование,[4] при запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа.

[1] Член 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Службен весник на Република Македонија бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016).