март 19, 2019

[Подкаст] Мегафон: Три години по Шарена револуција – Некој со казни, други на функции

Шарените дамки на Јавното обвинителство, УЈП и Министерството за култура се меѓу последните траги кои останаа од најголемите протести од независноста на Македонија. Три години подоцна, колку бојата продре во институциите, или пак остана само на фасадите?

Во новата епизода на Мегафон се фокусираме на Шарената револуција и ги прашавме активистите од движењето за тоа дали во македонското општество се случија промените за кои се бореа на македонските улици.

Разговараме со Ирена Стеријовска, Алек Гочев, Ивана Туфегџиќ, Уранија Пировска и Небојша Гелевски – Бане.