Платформа за родова еднаквост: Абортусот е неопходна здравствна услуга и во време на пандемија

септември 28, 2020

Платформата за родова еднаквост бара Министерството за здравство да ги усвои медицинските протоколи за примена на медикаментозниот абортус, да осигури достапност на лековите за медикаментозен абортус подеднакво за болниците и гинеколошките ординации во примарната здравствена заштита, да овозможи континуиран и непречен пристап до услугите за безбеден абортус за време на пандемиската криза без разлика на видот на мерките за ограничување на движењето или на пристапот до здравствените установи кои би се донесувале во иднина со цел спречување на ширењето на КОВИД-19.