Пировска: Испадна дека освен Јанкулоска никој не лежи, или лежат на некоја плажа
февруари 22, 2021
Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, коментирајќи го бегството на Сашо Мијалков, во вечерашното гостување на емисијата „360 степени“ вели дека граѓаните се бесни поради неспроведувањето на правдата во земјава.
„Тоа што се случи денес, покажа дека кај граѓаните постои огромнa количина на бес, поради тоа зашто во Македoнија не се случи спроведувањето на правдата. Тоа е рак рака и граѓаните се изневерени во очекувањата. И jас извикував нема правда- нема мир, испадна дека никој не лежи освен Гордана Јанкулоска, или можеби лежат на некоја плажа. Протестиравме поради феноменот на неказнивост“,
рече Пировска.
Таа не ја исклучува можноста за протести.