Говорот на омраза во спортот

март 11, 2026

Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза.

Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување на Алсат телевизија ја истакна важноста на превенцијата како и адекватното санкционирање на говорот на омраза.

Хелсиншкиот комитет во континуитет го следи и реагира на говорот на омраза, кој е еден од главните фактори кои водат до злосторства од омраза. Притоа, етничката припадност години наназад доминира како најчеста основа за говорот и делата од омраза, а најбројни извршители и жртви се младите луѓе. Токму затоа Петковска даде сеопфатен преглед на причините како и последиците на непостапувањето од страна на релевантните институции.

За повеќе информации погледнете го целиот прилог:

https://www.facebook.com/alsatnmk/videos/959519680332622