„Солидарноста во ова општество не постои, затоа што кога протестираме против говорот на омраза, не се случило да ни се придружат жени пратенички и заеднички солидарно да адресираме некое прашање и да кажеме дека тоа е важно и за жените пратенички, и за жените Ромки и за секоја жена во општеството“, вели Славица Анастасовска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет и додава:
„Во годишниот извештај за 2021 година, на Министерството за внатрешни работи, стои дека според покренатите постапки, во најголем дел, како жртви се јавуваат политичари, поранешни политичари и јавни личности, значи механизмот постои, а како се користи – тоа е друго прашање“, вели Анастасовска.