8 март – Леб и мир

март 8, 2019

Вилдан Дрпљанин

На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.

Маршот на петнаесетте илјади текстилни работнички, одржан на 8 март 1908 година во Њујорк, е еден од првите крици на борбата за еднакви економски и политички права помеѓу мажите и жените. Покрај тоа што маршот имал само симболична вредност, без конкретни придобивки за работничките, истиот бил причина да се роди идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените. Оваа идеја за прв пат на национално ниво се материјализирала во САД на 28 февруари 1909 година, по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка, кога за прв пат таков настан бил организиран во Њујорк.

Неполни девет месеци по првото национално одбележување на денот на жените, се случил таканаречениот „Бунт на дваесетте илјади“, којшто претставувал вистинска пресвртница за начинот на поставеност на работите на пазарот на трудот. На 23 ноември таа година, повеќе од 20 000 претежно млади имигрантки (тинејџерки и девојки во своите рани дваесетти години), текстилни работнички, почнале генерален штрајк во траење од 11 недели. Ужасните услови за работа, ниските плати и понижувачкиот однос на работодавачите кон нив, ги принудиле работничките жестоко да се спротивстават на раководството, составено исклучиво од мажи, како и на американската федерација на трудот. Штрајкот траел се до февруари 1910 година кога завршил со таканаречениот „Протокол за мир“, со кој на работничките им се исполниле барањата за подобра плата, пократки часови на работа и еднаков третман на работното место без разлика на нивната синдикална (не)активност.

Последователно, на Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените. Предлогот бил едногласно одобрен и добил поддршка од над 100 жени од 17 држави, вклучувајќи ги и првите три жени коишто биле избрани како пратенички во финскиот парламент во 1907 година. Како резултат на оваа иницијатива, иако на конференцијата не бил одреден датумот на одбележување, повеќе од милион жени и мажи марширале низ Австрија, Данска, Германија и Швајцарија на 19 март 1911 година за да го одбележат првиот меѓународен ден на жената. Мажите и жените барале еднакво право да бираат и да бидат избрани на изборите во нивните држави, соодветен пристап на жените до пазарот на трудот и крај на дискриминаторскиот третман со којшто се соочувале жените во сите сфери.

Две години подоцна, во периодот 1913-1914, меѓународниот ден на жената, меѓу другото, станува и платформа за протест против Првата светска војна. Најзначајно било мировното движење на руските жени, кои за прв пат меѓународниот ден на жената го одбележале во последната недела од февруари, а истото било проследено со повеќе собири низ Европа на или околу 8 март 1914 година. Текстилните работнички во Русија повторно го ставиле светскиот фокус на руското женско движење кога попладнето на 8 март (23 февруари според Грегоријанскиот календар) 1917 година започнале штрајк како протест против недостатокот од леб. Нивното барање за „леб и мир“ наскоро било придружено од 100 000 работнички и работници кои му се приклучиле на штрајкот и таквите случувања директно влијаеле врз започнувањето на познатата руска револуција. Четири дена подоцна, како резултат на протестот започнат од жените, рускиот цар и неговата влада биле отфрлени и привремената влада веднаш им доделила право на глас на жените во Русија.

Имајќи ги предвид сите овие случувања, кои биле проследени со многубројни борби за унапредувања на правата на жените во државите ширум светот, Организацијата на обединетите нации (ООН) одлучила 1975 година да ја прогласи за година на жената и да го прославува меѓународниот ден на жената секоја година на 8 март. Последните 110 години беа значајни за родовата рамноправност и жените издвојуваа многу важни битки. На пример, во 1995 година ООН ја усвои Пекиншката декларација и платформата за акција, историски документ потпишан од 189 влади во светот којшто служи како патоказ за борбата за родова рамноправност. Декларацијата се фокусира на 12 критични области на унапредување на правата на жените и замислува свет во кој секоја жена и девојка е слободна да носи одлуки за себе, да учествува во политиката и образованието, да обезбедува свој приход и да живее во општество ослободенo од насилство и дискриминација. Во таа насока, ООН во 2015 година ја усвои и Агендата за одржлив развој 2030 и 17 цели за одржлив развој, документ чија петта цел е насочена кон постигнувањето целосна родова еднаквост и зајакнувањето на сите жени и девојки до 2030 година. Сепак, на светот (а посебно на Македонија) му претстои уште многу работа пред да може да се нарече барем приближно родово рамноправен.

Во 2019 година, само 6 (шест) држави во светот обезбедуваат родова рамноправност во работниот однос. Белгија, Данска, Франција, Латвија, Луксембург и Шведска се на врвот на извештајот на Светската банка за жените, бизнисот и законот, каде Македонија се рангира на 48 место (од 187 држави). Официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека стапката на невработеност во Република Македонија за 2018 година изнесува 20,8%, додека стапката на неактивност е 43%. Од бројот на неактивни лица, кој се состои од луѓе кои не се во можност да работат или не бараат работа, 35,4% се мажи и 64,6% се жени. Овој родов јаз опстојува повеќе од дваесет години и значи дека едноставно да се биде жена е поврзано со пад од околу 30% во веројатноста за учество на пазарот на трудот. Дополнително, Република Македонија е една од шесте држави во светот каде што од 2005 година родовиот јаз се зголемува, наместо да се намалува.

Според UN Women, секаков вид на прогрес на жените во политиката во нашето општество, како што е на пример зголеменото присуство на жените во Собранието или пак во Советите на општините, се должи исклучиво на задолжителните изборни квоти. Заклучно со 2002 година, Македонија имала 441 пратеник и само 39 пратенички. По усвојувањето на новиот Изборен Законик во 2006тата година, којшто предвидува квоти, заклучно со 2011та година, соодносот изнесува 257 пратеници наспроти 106 пратенички. За разлика од тоа, во извршните тела, каде што овие квоти не постојат, жените се значително помалку претставени. Тоа може да се потврди и со фактот што од 1991 година до 2014 година, само 17 жени наспроти 187 мажи биле министерки во владите на Република Македонија, односно жените претставувале само 8,3% од сите досегашни министри. Истата слика се увидува и на локално ниво, каде во историјата на независна Македонија на сите избори до 2013 година има повеќе избрани машки градоначалници отколку женски кандидати (485 градоначалници наспроти 10 градоначалнички), а на два наврати (во 1996та и во 2009та) ниту една жена не била избрана за градоначалничка. Ако на сето ова се додаде и податокот дека само 5% од жените се директори (именувани лица) на институциите во Република Македонија, станува јасно за колкава нерамнотежа станува збор.

Од погоре наведеното, може да се заклучи дека на борбата за родова рамноправност во Македонија и престојат уште многу битки за да може 8 март да биде навистина среќен.