Јовановска – Кануркова: Собранието да закаже јавна расправа за кандидатурите за избор на членови на комисијата за заштита од дискриминација
Се плашиме дека со сегашното решение во Законот изборот на членовите ќе биде уште еден нов партиски договор бидејќи не се вклучени ниту здруженијата на граѓани, ниту пак, други надворешни членови. Ние предлагаме да има јавна расправа при нивниот избор и можност за следење и учество во интервјуирањето на потенцијалните кандидати на Комисијата за да се види дали навистина тие луѓе се компетентни да бидат дел од оваа комисија. На таков начин ќе се осигура транспарентност, инклузивност во постапката и ќе се превенира партиско назначување на членовите, наместо назначување по заслуга, на професионални и независни кандидати. Со новиот Закон ова тело ќе биде посебно, со свој сопствен буџет. Членовите ќе бидат професионалци кои ќе работат секој ден по осум часа. Ни треба Комисија која активно ќе работи во борбата против дискриминацијата, вели Јовановска – Кануркова.
Согласно новот законско решение кое беше увоено во 2019 и сега во 2020, Собранието има обврска да објави оглас за избор на новби членови на Комисјата во рок од две недели по стапувањето на сила на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Огласот се објави со задоцнување пред неколку дена. Иако имаше задоцнување ние се надеваме дека ќе се запазат роковите, односно во рок од 30 дена ќе заврши и затвори огласот и Собранието ќе започне постапка на разгледување на кандидатурите и на предлагање на членови и избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, изјави во Утрински брифинг Јована Јовановска Кануркова, од македонскиот Хелсиншки комитет.
Ние како граѓански сектор преку Мрежата за заштита од дискринација имавме обид да направиме амандаман на Законот за спречување и заштита од дискриминација, поконкретно на чл. 18 кој токму го уредува начинот на избор на нови комисионери. Имавме таков со изборот на новиот собраниски состав и го предложивме овој амандман преку пратеници во Собранието, но за жал амандманот не беше изгласан. Во суштина ние се повикавме на Антикорупциска комисија, каде што постапката предвидуваше точно утврдени рокови, услови за транспарентен избор на професионални ченови на Комисијата. Следејќи го овој пример сметавме дека Собранието ќе го прифати и нашиот амандман за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да биде избрана на истиот начин, вели Јовановска – Кануркова и додаде дека се стравува од одолговлекување на изборот, но и од партиски преговарања за тоа кој ќе влезе и седне во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Она што нас не загрижува што амандманот не се усвои, и нема да можеме да бидеме повикани и да ги разгледаме кандидатурите и да бидеме сигурни дека луѓето кои ќе влезат во Комисијата ги исполнуваат условите, се професионалци во полето на човекови права и дискриминација, го имаат потребното искуство и не се никакви политички поврзано. Она што сега планираме да го направиме е да побараме да го повикаме Собранието да закаже јавна расправа кога ќе биде разгледувањето на кандидатурите, за на тој начин да има некаква транспарентност, односно да се даде можност на граѓанските организации повторно да учестуваат во изборот, за да се загаринтара дека навистина професионални луѓе ќе седнат во оваа Комисија и истата нема да биде предмет на политички договор, вели Јована Јовановска Кануркова, од македонскиот Хелсиншки комитет.