Промоција на Четвртиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК и Анализата за поставеноста, перформансите и предизвиците за работата на АЕК

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, на 8ми ноември, ги презентираа Четвртиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за елекстронски комуникации и Анализата за поставеноста, перформансите и предизвиците за работата на АЕК. На настанот беа […]

Read More… from Промоција на Четвртиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК и Анализата за поставеноста, перформансите и предизвиците за работата на АЕК

Протест на текстилните работнички и работници во Штип

Како реакција на барањето на Текстилниот кластер за зголемување на работното време за половина час и други барања кои директно задираат во правата на работниците во текстилната индустрија, на 10 ноември во Штип се одржа протест на текстилните работнички и работници. На протестот одржан во кругот на фабриката Астибо, работничките оценија дека условите за работа […]

Read More… from Протест на текстилните работнички и работници во Штип

Државата мора да го спречи робовладетелскиот однос на работодавачите во текстилната индустрија

Продолжување на работното време, укинување на празници за да немало дисконтинуитет во производството, замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок, дури и небулозни закани за штрајк на работодавачи – се крајно недозволиви изјави и барања на сопствениците на фабрики – членови на текстилниот кластер. Сметаме дека со самото искажување на ваквите ставови […]

Read More… from Државата мора да го спречи робовладетелскиот однос на работодавачите во текстилната индустрија

Системот за заштита на работниците уште еднаш потфрли – Бараме темелна истрага за несреќата на градилиште во Куманово

Денешната несреќа на градилиште во Куманово, во која се повредени десет работници, од кои двајца се во критична состојба, уште еднаш ја потврди нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа. Притоа, градежништвото и понатаму останува најризичен сектор, каде што несреќите со фатален исход се најчести. Со жалење констатираме дека фактот што според методологијата […]

Read More… from Системот за заштита на работниците уште еднаш потфрли – Бараме темелна истрага за несреќата на градилиште во Куманово

„Финализирање на процедурите за избор и именување“ – Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара финализирање на процедурите за избор и именување на раководство на: Државниот Завод за Ревизија (од декември 2017) , Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер (без членови и само со претседател веќе подолг период) Дирекцијата за заштита на личните податоци (оставка на […]

Read More… from „Финализирање на процедурите за избор и именување“ – Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

Инспекција за неисплатен регрес за годишен одмор – работниците редовно да пријавуваат

На барање на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државниот инспекторат за труд изврши вонреден инспекциски надзор од областа на работните односи во Приватна агенција за вработување – МОТИВИ Скопје. Во текот на 2018 година, две работнички биле вработени на определено време во агенцијата, со цел привремено да бидат отстапени на работодавачот општина Центар. Работниот однос […]

Read More… from Инспекција за неисплатен регрес за годишен одмор – работниците редовно да пријавуваат

Развлекувањето на случајот ,,Тамара’’ создава сомнеж за несовесно водење на постапката

По пристигнување на веста за поднесеното барање за изземање на јавниот обвинител кој постапува во случајот на малата Тамара, во кој обвинети се 12 доктори и членови на комисии кои донесоа и потврдија негативно решение за лекување во странство на Тамара, Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на правецот во кој оваа постапка се […]

Read More… from Развлекувањето на случајот ,,Тамара’’ создава сомнеж за несовесно водење на постапката

Повик за ангажман на медиумски монитори за регистрирање на говор на омраза на социјалните медиуми за периодот ноември, 2019 – септември, 2020 година

Општи информации Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во октомври, 2019 година, продолжува со спроведување на проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” финансиран од страна на National Endowment for Democracy (NED). Проектот ќе продолжи се фокусира на подобрување на знаењето од страна на полициските службеници во препознавање, спречување и […]

Read More… from Повик за ангажман на медиумски монитори за регистрирање на говор на омраза на социјалните медиуми за периодот ноември, 2019 – септември, 2020 година

Хелсиншки комитет: Да се санкционираат образовните установи кои злоупотребуваат деца во политички цели

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. Имено, на 17.10.2019 година, на фејсбук страната од училиштето се појави фотографија на која стотици ученици, во придружба на настаниците и останатиот персонал од училиштето, стојат под турско знам и упатуваат војнички поздрав за поддршка на турското […]

Read More… from Хелсиншки комитет: Да се санкционираат образовните установи кои злоупотребуваат деца во политички цели

Промоција на Прирачник зa Факултативниот протокол кон ЦЕДАВ

Денеска во Јавна соба се одржа промоција на Прирачникот зa Факултативниот протокол кон ЦЕДАВ (Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените). Хелсиншкиот комитет и другите граѓанските организации ја увидоа моќта на овој механизам што им стои на земјите-потписнички на располагање и со помош на донатори и меѓународни експерти почнаа процес на идентификување […]

Read More… from Промоција на Прирачник зa Факултативниот протокол кон ЦЕДАВ