Услови за користење

Ве молиме пред користењето на веб-страницата, внимателно да ги прочитате Условите за користење затоа што со пристапот или користењето на било кој нејзин дел, содржини и услуги, вие сте согласни со овие услови и обврзани сте да ги почитувате.

Промена на условите за користење

Хелсиншкиот комитет за човекови права го задржува правото да ги менува и да ги дополнува овие услови.

Секоја промена или дополнување на условите за користење се применува од денот на објавувањето.

Заштита на авторските и сродни права

При користење на порталот имате индивидуална одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

Веб-страницата, нејзините содржини и графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права.

Информативните содржини на веб-страницата, меѓу другото, се дел од базата на податоци на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Базата на податоци е сопственост на Хелсиншки комитет за човекови права и е во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права,[1] домашното и меѓународното законодавство, како и со предвидените стандарди во конкретната област и како таква е заштитена како самостојно авторско дело.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи за кои законски е поинаку пропишано.

Преземање на содржини

Во случаи на објавување на целосен текст од веб-страницата, повикување или цитирање на одреден текст, фотографија, графика или други содржини публикувани на нашиот сајт, Ве информираме дека:

  • задолжително мора да се истакне изворот;
  • доколку вашиот медиум е во електронска форма, потребно е да обезбедите линк до материјалот на Хелсиншкиот комитет за човекови права (една опција е на крајот од преземениот текст да се објави: „Целиот текст прочитајте го тука“, а зборот „тука“ треба да биде хиперлинкуван и да води до линкот на објавениот материјал на Хелсиншки комитет, од каде што е преземен текстот.)

Линкови до други веб–страници

Некои од линковите на веб-страницата на Хелсиншкиот комитет, водат кон веб-страници и сервиси на други извори на информации и на информирање. Хелсиншки комитет за човекови права на никаков начин не е одговорен за содржините на тие страници и сервиси.

За какво било користење или репродукција на содржините кои се пренесени на оваа веб-страница, а кои не се во авторска сопственост на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Ве молиме да ги контактирате организациите или поединците кои се носители на авторските права на истите.

Коментари на социјалните мрежи

Хелсиншкиот комитет не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи затоа што истите се генерираат преку Facebook, Twitter и други социјални мрежи и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа.

Одрекување од одговорност

Корисникот ја потврдува согласноста дека Хелсиншкиот комитет за човекови права нема надзор ниту должност да преземе било каква активност ниту пак може да се смета за одговорен во однос на следните фактори:

  • За тоа кој корисник користи услуги и содржини на порталот;
  • За начинот на кој корисниците ги интерпретираат содржината и услугите на порталот;
  • За активноста која корисникот ја презема или би можел да ја преземе под влијание на содржините и услугите достапни на порталот.

Прекршување на условите

За прекршувањата на овие услови, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе преземе соодветни законски мерки кон прекршителите.

[1] „Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/10, 140/10, 51/11, 147/13, 154/15 и 27/16.