Што е дискриминација?

декември 10, 2018

Живееме во општество во кое секојдневно се соочуваме со дискриминација по различни основи и во различни области. Меѓутоа, не секогаш е лесно да се препознае дали сме биле жртва или сведок на дискриминација. Оваа видео порака  ќе ви помогне да распознаете дискриминација, како да постапите доколку сте жртва или сведок на и каде и како да побарате заштита.

Меѓународниот ден на човековите права, 10 Декември, годинава е посветен на одбележување на 70-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики. А сите форми на дискриминација се спротивни на овие универзални принципи.

Застани против дискриминацијата. Пријави ја!

Видео

Што е дискриминација?