Повик за ангажирање набљудувачи на судски постапки во Скопје, Куманово, Штип, Гостивар, Тетово и Битола

мај 27, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот IPA/2019/413-342 ,,Основите прво – Активен придонес во владеење на правото” поддржан од Европската унија, објавува оглас за ангажирање на набљудувачи на судски постапки во шест градови: Куманово, Скопје, Штип, Гостивар, Тетово и Битола.

 

 

 

Кандидат(к)ите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС
  • Познавање и работење во Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • Солидни познавања на следните закони и конвенции:
  • Законот за кривичната постапка;
  • Законот за парнична постапка;
  • Кривичниот законик;
  • Законот за спречување и заштита од дискриминација;
  • Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство;
  • Законот за работните односи и
  • Европската конвенција за човекови права;

За предност (но не и услов) ќе се смета поседување на магистратура по кривично право, положен правосуден испит и/или претходни работни ангажмани како набљудувач/ка на судски постапки.

Од избраните кандидати/ки се очекува:

  • Да се придржуваат до принципите на објективност, непристрасност и доверливост;
  • Да присуствуваат на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки и
  • По секое судење да пополнат извештај за наодите од следење на постапката.

Динамиката на следење на судењата ќе се утврди со секој/а кандидат/ка поединечно, во зависност од потребите на Хелсиншкиот комитет за човекови права и можностите на кандидатот/ката.

Времетраење на ангажманот e 6 месеци. Постои можност за продолжување на ангажманот по првичното времетраење.

Рок и потребни документи за аплицирање: Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик.

Рокот за пријавување е до 03.06.2020 година на следната е-маил адреса: helkom@mhc.org.mk со назнака „Апликација за набљудувач на судски постапки“

Постапка за избор на кандидат/ка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира комисијата и ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидe земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас.

*За привремениот ангажман е предвиден паричен надоместок за секое судење во зависност од динамиката на ангажманот. Сумата за ангажманот ќе биде договорена пред потпишување на договорот.