Пировска: Жртвите немаат доверба во институциите – крајно време е тоа да се промени

април 3, 2020

Ние укажавме дека не треба да се шири тоа видео (тепањето на девојче). Но луѓето во голем дел не знаат што значи двојната виктимизација. Многу често се случува во вакви случаи жртвата да биде осудена во средината каде што живее. Многумина се уште мислат дека насилството е сосема нормално, изјави за Утрински брифинг, извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.

Оваа состојба (Вонредната) мислам дека ќе доведе до зголемен процент на семејно насилство. Жртвите генерално кај нас не се охрабрени да ги пријават случаите. Полесно е да дојдат кај нас или во другите организации кои што работат на оваа проблематика, отколку да пријават во институции. Жртвите немаат доверба во институциите, не веруваат дека институциите ќе ги заштитат, што не е за осудување ако се има предвид дека многу ретко насилниците ја добиваат санкцијата која што треба да ја добијат. Значи целата обесхрабреност на жртвата се должи на тоа дека системот не реагира соодветно на родово базираното насилство, вели Пировска.

Ова видео како да ја рабуди јавноста која што нема свест дека вакви работи се случуваат. Ние кои што работиме на оваа проблематика сме сведоци на случаи каде што жртвите на почеток може и да пријават, но во текот на постапката да се повлечат. Сега е многу важно како ќе постапи Обвинителството, како ќе се гонат лицата, со цел да жртвите кои молчат а се дел од такво насилство да се охрабрат и во наредниот период да го пријавуваат ваквото насилство, изјави Пировска.