Андоновски: Режимот на ДПМНЕ беше еден од најмонструозните кон ЛГБТИ заедницата
март 14, 2020
„Мислам дека најлошиот период за ЛГБТИ заедницата дојде после 2008 година. Власта 0д 2006-2008 на ВМРО-ДПМНЕ беше некако побалансирана. После Самитот во Букурешт (2008), нивната политика стана „чудовиште“ политика, која бараше непријатели секој ден. Знаете, автократските режими за да преживеат, имаат потреба од непријатели. Проблемот во таков вид на владеење е што непријателите брзо се трошат. Ќе нападнете едни, за кратко време треба да барате други. За жал, хомофобијта и трансфобијата беа едни од алатките на ДПМНЕвската влада 11 години“, вели Кочо Андоновски од Центарот за поддршка на ЛГБТИ заедницата при Хелсиншкиот комитет, во интервју за Фронтлајн.
„Ние доживеавме нешто што ми се чини дека до тогаш ниту една заедница, од било кој аспект или идентитет го нема доживеано. Шест пати беше уништуван Центарот за ЛГБТИ поддршка, беа напаѓани активисти, ЛГБТИ луѓе, живееја во страв. Живеевме во страв. Мислам дека тоа е еден од насјтрашните, монструозни режими кој беше особено монструозен кој ЛГБТИ луѓето и движењето“, вели Андоновски.
Според Андоновски, со менувањето на власта, во последните 2-3 години, има напредок. Не доволен, но мора да се нотира.
„Ние успевме и имаме во Собрание група на пратеници кои се загалаат за правата на ЛГБТИ луѓето. Ние за првпат минатата година, шелтер центарот за жртви од насилство или ЛГБТИ луѓе кои се во ризик од бездомништво, веќе 1/3 Министерството за труд и социјална политика ги покрива трошоците. Ние имаме соработка со Град Скопје од неколку аспекти“, изјави Андоновски.
Со писмото на мајката до својот геј син, започна кампањата „Родители на ЛГБТИ деца: Не сте сами“. Што опфаќа оваа кампања?
„Кампањата почнавме да ја осмислуваме од минатата година, кога за првпат ни пристапија двајцата родители, кои се нашинци кои живеат во Австралија, кои го имаат прифатено својот син и кој исто така е многу активен на универзитетот каде што студира.
Таму постојат тие „геј“ и „стрејт“ алијанси и тој е предводник на една таква, на универзитетот каде што студира. Се договоривме минатата година. Прво почнавме со писмо, сега со нив се појави и интервју, за луѓето да ги видат, дека тоа не е некој измислен лик, туку дека тоа се реални луѓе со реални животни приказни.
Ќе има уште текстови од овие родители. Ќе има и по социјалните мрежи картички, различни комуникациски пораки, но она што е најважно во таа кампања за нас е да разбудиме интерес кај родители, да се јават затоа што навистина не се сами“, вели Андоновски.
Каков е одзивот од кампањата, трае повеќе од една недела? Со што се соочуваат родителите низ процесот на прифаќање на фактот дека нивното дете е геј?
„Откако го објавивме прво писмото, а потоа и интервјуто, веќе две мајки имаат испратено писма и побарале контакт со родителите кои се во кампањата. Ние секако ги поврзуваме и сите оние кои сакаат да се јават, осебено да пишат на е-поштата roditeli@lgbti.mk. Toa e директен е-маил кој го отворија овие двајца родители.
Јас верувам дека ќе се јават уште повеќе луѓе, поминаа само неколку денови и до сега имаме две мајки.Во однос на она зошто е ова важно, знаете, процесот на „аутирање“( јавно декларирање) не е процес кој го доживива само самиот човек. Личноста кога стигнала до момент да се „аутира“ пред свои пријатели, роднини, фамилија, таа веќе поминала одредени многу фази на себеанализа, себеприфаќање или себеотфрлање, помирување… Она што ќе се случи во моментот кога ќе кажете на родителите, е тогаш тој процес почнува тогаш за родителите.
Ние како ЛГБТИ луѓе често забораваме дека тој процес е многу тежок и за родителите. Можеби ние ја носеми најголемата тежина и тебе ти треба најголема храброст да „излезеш“, меѓутоа истото важи и за родителите. И родеителите треба да се соочат со многу тешки прашања. За себе, за своите деца, за околината, поблиска или поширока, на работа. Сето тоа, тие предвидливи притисоци што можат да се случат и кои ги обесхрабруваат родителите и во крајан линија ги тера на тоа да не ги прифатат своите деца. Да ги отфлат своите деца заради стравот дека нив целото семејсвто ќе ги отфрли.
Тука е главната поента. Ние сакаме да ги поврземе овие родители, кои се нашинци, од тука, иако се сега во Австралија, тие растеле тука и многу добро го знаат контекстот тука и коишто можат да им помогнат да се соочат со тие прашања. Да си најдат одговори на дел од тие прашања и да си најдат спокој со тоа што ќе го прифатат тоа емејство со сите различности кои ги носи тоа семејство“, вели Андоновски.
Пред извесно време во Битола беа оштетни билборди со натпис Хомофобиол? Сметате ли дека ваквата постапка го отсликува општото мнение за ЛГБТИ заедницата или пак станува збор за изолиран случај на група хомофоби?
„ Сè додека на тој начин се уништуваат билборди, се напаѓаат кампањи или некакви афирмативни мерки за да се омекне менталитетот, прифаќање на ЛГБТИ луѓето, првото нешто што на нас ни кажува нешто е дека треба да има уште повеќе такви кампањи. Таквите постапки нас воопште не не обесхрабруваат, туку напротив, уште повеќе нè мотивираат и нè прават уште повеќе посветени на работата, токму заради тој напад ние треба уште повеќе да работиме.
Второ, не мислам дека е многу мала изолирана група. Мислам дека во нашето општество уште има високо ниво на хомофобија и трансфобија. Но она што е доброто што јас го гледам е реакцијата на многу луѓе околу тој напад, луѓе кои го осудија. Тоа значи дека поддршката за ЛГБТИ луѓето расте.
Можеби е голем бројот на хомофоби и трансфоби во нашата држава, но сега гледаме дека станува многу поголем бројот на поддржувачи. Тоа е важниот момент и важната пресвртница која на очиглед на сите излезе минатата година на одржувањето на првиот Skopje Pride 2019.
Тогаш се виде дека има огромна поддршка. Близу 2.000 излегоа да маршираат. Тоа беше еден од најубавите „прајдови“ во нашиот регион. Тоа укажува на некаква промена. Мислам дека има намалување на хомофоби и трансфоби, иако генерално нашето општество е хомофобично и трансфобично, но има зголемување на кампусот на поддршка, изјави Андоносвки за Фронтлајн.
Кое време беше/е најтешко за ЛГБТИ задницата во Македонија?
„ Хомофобијата и трансфобијата се историски факт и донеле многу страдања за многу луѓе. Ние дури видовме како страда човекот кој ја спасу=и Европа во Втората Светска војна и кој го краџираше кодет на фашистите во Втората Светска војна, видовме каква трагедија доживеа после тоа. Немае него кој да го спаси. Така што, тоа е историски факт и тоа е присутно многу долго.
Нашата држава 1996 година се декриминализира, откако во 70-тите беше криминализирана хомосекуалноста. И тоа само машката хомосексуалност. 1996 е декримининализиран како би станале членка на Советот на Европа. Тоа се направи преку ноќ, Преќутно. Никој не кажа, ниту извести за тоа. Во суштина, го немаше ефектот од декриминизацијата.. Не му беше соопштено на народот дека тоа веќе не е кривично дело….
Сепак, мислам дека најлошиот период дојде после 2008 година. Власта 0д 2006-2008 на ВМРО-ДПМНЕ беше некако побалансирана. После Самитот во Букурешт (2008), нивната политика стана „чудовиште“ политика, која бараше непријатели секој ден.
Знаете, автократските режими за да преживеат, имаат потреба од непријатели. Проблемот во таков вид на владеење е што непријателите брзо се трошат. Ќе нападнете едни, за кратко време треба да барате други. За жал, хомофобијта и трансфобијата беа едни од алатките на ДПМНЕ-овската влада 11 години.
Ние доживеавме нешто што ми се чини дека до тогаш ниту една заедница, од било кој аспект или идентитет го нема доживеано. Шест пати беше уништуван Центарот за ЛГБТИ поддршка, беа напаѓани активисти, ЛГБТИ луѓе, живееја во страв. Живеевме во страв. Мислам дека тоа е еден од наjстрашните, монструозни режими кој беше особено монструозен кој ЛГБТИ луѓето и движењето.
Оттогаш, со менувањето на власта, во последните 2-3 години има напредок. Не дека е доволен, но мора да се нотира. Ние успевме и имаме во Собрание група на пратеници кои се загалаат за правата на ЛГБТИ луѓето. Ние за првпат минатата година, шелтер центарот за жртви од насилство или ЛГБТИ луѓе кои се во ризик од бездомништво, веќе 1/3 Министерството за труд и социјална политика ги покрива трошоците. Ние имаме соработка со Град Скопје од неколку аспекти.
Мислам дека се променети атмосферата и климата. Мислам дека во раководството на партијата на власт има разбирање, има војла за промена. Она што е сега важно, е тоа „да се спушти доле“ низ структурите на институциите. Тоа е долг процес на кој ќе треба многу да работиме.
Ивана Терзиевска – Зафировска
камера: Ариан Мехмети
монтажа: Владимир Перчуклиевски