Превенција од ширење на вирусот КОВИД-19: Обратете се за правна помош по телефон или мејл

март 12, 2020

Почитувани граѓани,

Ве информираме дека поради превенција од ширењето на вирусот  КОВИД-19, согласно насоките дадени од страна на Министерството за здравство, бесплатната правна помош граѓаните ќе можат да ја добијат на следниве  телефонски броеви: 2 3119 073 и 072 278 436 како и по електронска пошта на адресата на Хелсиншки комитет – helkom@mhc.org.mk.

Граѓаните со итни и неодложни правни проблеми, по предходна телефонска консултација со правниот тим,  ќе можат лично да се обратат во канцелариите на Хелсиншкиот комитет.

Да се однесуваме одговорно, бидејќи јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Хелсиншки комитет за човекови права