ЛГБТИ заедницата и престојните локални избори

март 22, 2013

Заради подобро информирање на ЛГБТИ заедницата во Република Македонија, во однос на тоа која политичка опција би им овозможила подобро секојдневие и еднаквост на локално ниво, ЛГБТИ центарот за поддршка изготви прашалник кој директно ги тангира активностите на политичките партии кои се дел од нивните програми, а имаат за цел  унапредување на заштитата на правата на ЛГБТИ заедницата.

Прашалникот ги третира сите области од локалната самопурава кои имаат влијание врз секојдневниот живот на ЛГБТИ луѓето. Во него, исто така се опфатени и прашањата поврзани со феноменот дискриминација како и  комисиите за еднакви можности,  образованието и локални медиуми како и туризмот, за да ја се прикаже подготвеноста на нашето општество да угости туристи од различни профили и да им обезбеди безбеден и пријатен престој.

Прашалникот беше испратен до сите политички партии во Република Македонија во предизборната кампања, меѓу кои ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДП, СПМ, НСДП, ЛП, ВМРО ДП, ВМРО НП, ДУА, НДМ, ПДП, ПИР, ПЦЕР, СДУ, НДП, ПОДЕМ.

Ниедна партија од погоре наведените воопшто не покажа интерес за одговор на прашалникот што сметаме дека е недоговорен чин, ако се има предвид фактот дека допира цела група граѓани и гласачи.

Наместо да се промовира диверзитетот и еднаквоста на граѓаните,  да се спречува говорот на омраза кон една популација во Македонија, веќе бевме сведоци на злоупотреба и хомофобични изјави.

Најостро го осудуваме расизмот и хомофобијата во изјавата на кандидатот за Градоначалник на Охрид Александар Петрески.

Петрески во својата изјава „Синот на Бандини од Шутка не се заљуби во мене бидејќи јас не сум двоцевка, па да се заљуби во мене. Нормално е дека во нив ќе се зљуби“, без никаква причина ги омаловажи и ги повреди чувствата на граѓаните со различна боја на кожата и различна сексуална ориентација од мнозинството граѓани.

Најостро ја осудуваме и констатацијата на УМС на ВМРО ДПМНЕ дека иднината во која двајца мажи се бакнуваат не е пожелна.

Унијата на млади сили на ВМРО ДМПНЕ  Гостивар, на својот фејсбук профил постави фотографија , во која еден од политичките опоненти на локалните избори се бакнува со друг маж. Иако е непознато за што конкретно се работи, оваа приватна фотографија е злоупотребена бидејќи и е дадедна хомофобична конотација, иако самата фотогтафија неможе директно да укаже на нечија сесуална ориентација.

Со ваквите изјави само се создава впечаток дека нашето општество е општество кое исклучува , наместо да биде инклузивно, што не води кон надминување, туку кон продлабочување на социјалната, економската и политичката криза во државата. Недопустливо е бојата на кожата и сексуалната ориентација да се злоупотребуваат од претставници на институциите на системот (и на локално ниво), особено што кандидатите за градоначалници претендираат на позиција преку која треба да обезбедат достоинствен живот и еднакви можности за сите жители во општината, која сакаат да ја водат.