Комеморативна седница во чест на Мето Јовановски

декември 24, 2016

На 23 декември, 2016 година почина Мето Јовановски, првиот претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Мето Јовановски е македонски раскажувач и романсиер, роден во Брајчино на 18 октомври, 1928 година. Бил претседател на Македонскиот ПЕН Центар, а остана и почесен претседател на Хелсиншкиот комитет. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основа невладината организација за борба против корупцијата, Транспарентност – нулта корупција.

Јовановски е автор на повеќе збирките раскази, меѓу кои „Мени на мојата месечина“, 1959 „Првите човекови умирања“, 1978 „Патот до осамата“, 1978; на овие и други романи: „Хајка на пеперутки“, 1957, „Земја и тегоба“, 1968 „Будалетинки“, 1973. Тој исто така пишувал и книги за деца, патеписи и радио и ТВ драми. Бил и преведувач од англиски и руски јазик, составувач на антологии и лексикони. Неговите дела, особено расказите се објавувани на повеќе светски јазици.

Во негова чест, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ќе одржи комеморативна седница во ГЕМ клубот, во понеделник (26.12.2016), во 13.30 часот.

Видео

In Memoriam Мето Јовановски (1928-2016)