Граѓанскиот сектор и Народниот правобранител потпишаа меморандум за соработка

декември 22, 2016

Потребата за започнување ваков проект произлегува од тоа што медиумската заинтересираност за објавување на активностите на Народниот правобранител не е на незадоволително ниво. Од медиумот од кој се очекуваше најмногу – МРТВ, речиси и да нема никакви информации за нашата работа. Иако негова законска обврска е да информира за работата на Народниот правобранител, ние сме отстранети од информативните емисии на МРТВ. Загрижува фактот дека медиумите се поделени во повеќе сегменти и на политичка база и на национална база, а тоа не е во интерес на нашата работа, што подразбира единствено промоцијата на заштита на слободите и правата. Така општеството не може да оди напред.

За една од најважните институции во Република Македонија, Народниот правобранител, чија активност е единствено насочена кон заштитата на слободите и правата на граѓаните во Македонија, не постои чувство за нејзината сериозна улога во општеството. Како независна институција, Народниот правобранител треба да претставува коректор во општеството, а ставовите на омбудсманот, неговите препораки, размислувања и ставови секогаш треба да претставуваат потсетник за власта во која насока треба да размислува за политиките што ги спроведува. Во оваа насока, а со цел да се истакне важноста на оваа институција, НВО-инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет потпишаа меморандум за соработка со Народниот правобранител во рамките на проектот: „Граѓанскиот мониторинг на Народниот правобранител“. Проектот што ќе трае во текот на целата година, а ќе значи следење на работата на оваа институција, финансиски е поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

„Потребата за започнување ваков проект произлегува од тоа што медиумската заинтересираност за објавување на активностите на Народниот правобранител не е на незадоволително ниво. Од медиумот од кој се очекуваше најмногу – МРТВ, речиси и да нема никакви информации за нашата работа. Иако негова законска обврска е да информира за работата на Народниот правобранител, ние сме отстранети од информативните емисии на МРТВ. Загрижува фактот дека медиумите се поделени во повеќе сегменти и на политичка база и на национална база, а тоа не е во интерес на нашата работа, што подразбира единствено промоцијата на заштита на слободите и правата. Така општеството не може да оди напред“, истакна Народниот правобранител, Иџет Мемети.

Тој ги повика медиумите да соработуваат бидејќи, како што рече, постојат многу претставки за кои може да се истражува, а кои заслужуваат да бидат објавени во јавноста.

„Народниот правобранител се соочува со низа проблеми, пред сè, со игнорантен однос на институциите во однос на прифаќање на општите препораки кои седат по фиоки. Во оваа насока ги повикувам медиумите да ни помогнат, односно самите да истражуваат за низа случаи и појави кои заслужуваат да бидат јавно презентирани и за кои граѓаните заслужуваат да бидат информирани. Верувајте, кај нас има можност за истражувања во разни сегменти во кои грубо се повредуваат човековите слободи и права. Апелирам и до властите, односно им порачувам дека само преку добра соработка ќе покажат дека сакаат да напредува општеството. Не треба да ја гледаат оваа институција како лош судија. Јас сум само добар критичар за да се подобрат состојбите со цел заштита на човековите слободи и права“ истакна Мемети.

Според Хелсиншкиот комитет, сите критики упатени кон државните институции кои потекнуваат од страна на Народниот правобранител не смеат да се толкуваат погрешно. Напротив, тие треба да се сфатат како насочувач кон тоа што треба да се измени во работата на органите и организациите во државната администрација. Очекуваат дека крајниот резултат од проектот што ќе се спроведува во текот на следната година треба да ги посочи точките по кои треба да се движат нивните активности за подобрување на позицијата на Народниот правобранител во македонското општество.

А. Б.