Анализата за поставеноста, перформансите и предизвиците за работата на АЕК
ноември 11, 2019
Ова истражување се прави во рамките на проектот „Мониторинг за ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела АВМУ и АЕК – PROformance watch II. Целта на истражувањето е да даде целосна слика за внатрешните и надворешните предизвици и пречки со кои се соочува Агенцијата во своето досегашно работење, од каде што ќе произлезат и конкретни заклучоци и препораки за нивно надминување и постигнување повисоко ниво на ефикасност, ефективност, транспарентност и успех во иднина.