Краток преглед на Анализата за стандардите на работнички права и нивната примена во Република Северна Македонија
ноември 4, 2019
Прегледот ги сумира најзначајните наоди од Анализата за стандардите на работнички права и нивната примена во Република Северна Македонија и има за цел да ја поттикне генералната јавност да се запознае со содржината на целокупната анализа. Анализата ги идентификува и се фокусира на основните насоки за развој на националната регулатива за заштита на работничките права, нивото на усогласеност на регулативата со прифатените меѓународни стандарди и отстапувањата при имплементацијата и праксатa, како од важечките закони, така и од меѓународните стандарди.
Прегледот го разгледува меѓународниот систем на заштита, постоечките механизми за заштита на национално ниво и постојните проблеми во законодавството. Притоа, наодите се дополнети со податоци од емпириското истражување во однос на ефикасноста на институциите. Вклучени се интервјуата со претставници од Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР).
Овој краток преглед на анализата е подготвен во рамките на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија” финансиран од Фондот за добро владеење на Велика Британија, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.