Одржани обуки за адекватно известување и правна и етичка одговорност на новинарите

октомври 25, 2018

Во изминатите два дена Хелсиншкиот комитет спроведе две обуки за репортери и новинари кои известуваат од судски рочишта или случаи кои се опфатени со кривичната правда, како и за новинари кои работат истражувачко новинарство.

Tема на првата обуката која се одржа на 24 октомври во просториите на ,,Јавна соба’’ во Скопје беше ,,Градење на капацитетите на новинарите за адекватно известување за судски случаи согласно стандардите на владеење на правото’’, со целстекнувањена знаења и зајакнување на капацитетите за адекватно известување за судските случаи, случаите под истрага и случаите каде постои сомнеж за сторени кривични дела, без притоа да се повредат правата на осомничените и обвинетите, заштитените сведоци или доверливоста на доказите, односно известување согласно стандардите на владеење на правото.

,,Правна и етичка одговорност на новинарите при известување согласно стандардите на владеење на правот’’ беше темата која се обработи на втората обука одржана следниот ден на истата локација. Целта на оваа обука е стекнување знаења за правната и етичката одговорност согласно важечките закони и меѓународни конвенции (клевета и навреда, слобода на говор, говор на омраза, право на приватност), Етичкиот Кодекс на новинари и согласно стандардите на владеење на правото.

Ги издвојуваме најважните заклучоци кои произлегоа од двете обуки:

– досега немало многу вакви обуки и дека е препорачливо да има ги има повеќе во иднина;

– потребно е и повисоките структури во хиерахијата на новинарството, односно уредниците и главните уредници да бидат дел од вакви обуки;

– потребно е посебно да се обучат и професионалците од правосудниот систем, особено судиите и обвинителите;

– потребно е да се одржат и заеднички семинари на кои учесници ќе бидат сите професии заедно: судии, обвинители, адвокати, новинари и граѓански организации;

– потребно е да имаат поголема соработка со адвокатите и имаат пристап до бесплатна правна помош;

– препорачливо е еднаш годишно да се организира Конференција на овие теми, каде повторно учесници, презентери, и гости ќе бидат професионалци од сите сфери:судии, обвинители, адвокати, новинари и граѓански организации.

Овие обуки се дел од проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“поддржан одYUCOMиABA Rule of Law Initiative.