Правно зајакнување во заедницата во процесот на деинституционализација

октомври 10, 2019

Проектот го адресира нееднаквиот пристап до услуги на децата со попреченост и нивните семејства. Имајќи предвид дека целта на процесот на деинституционализација е обезбедување на помош и поддршка преку вонинституционалните форми на социјална заштита, преку овој проект ќе се обезбеди директна правна помош и поддршка на децата со попреченост и нивните семејства преку дневните центри, a во рамки на локалните заедници во кои живеат. Активностите ќе опфатат реализирање на обуки за родителите, старателите и други лица кои се грижат за децата за препознавање на дискриминација или прекршувања на правата, како и за механизмите на заштита кои им се на располагање, обучување на службениците од одделите за бесплатна правна помош со што ќе се овозможи навремена и ефикасна помош и заштита, како и обезбедување на бесплатна правна помош за случаите на дискриминација и прекршување на права.