СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА – МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ДЕКЕМВРИ 2025
јануари 20, 2026

Декември го одбележаа загриженост за институционалната зрелост и демократскиот капацитет на државата, особено по реакциите на Блупринт групата за начинот на избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права. Хелсиншкиот комитет го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со повик за системска реформа на социјалната и здравствената заштита, и се приклучи на глобалните заложби за Меѓународниот ден на човековите права, повикувајќи на засилени институционални мерки против дискриминацијата, говорот на омраза и делата од омраза. Во текот на месецот, говорот на омраза продолжи да биде присутен во онлајн просторот, со 47 регистрирани случаи, при што етничката припадност остана доминантен мотив, а јавен собир во Скопје катализираше зголемена појава на етнички мотивирани пораки. Во делот на делата од омраза, регистрирани се два инциденти со пристрасен мотив, вклучувајќи физички напад врз трансродова жена од страна на возач на автобус, што ја потенцира потребата од итна реакција и системско препознавање на пристрасниот мотив. Истовремено, Хелсиншкиот комитет продолжи со бесплатна правна помош и проектни активности во ВПД Тетово, вклучително и интерактивна едукативна и музичка работилница, со цел ресоцијализација и унапредување на правата на децата и осудените лица.

