Јавен повик за ангажирање на три локални активисти/ки

јануари 27, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман три локални активисти/ки во Штип, Прилеп и Скопје.

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:

–              Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.

–              Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.

–              Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.

Локалните активисти во три клучни региони (Скопје, Прилеп и Штип) ќе соработуваат со проектниот тим во  идентификување, мапирање и активно вклучување на младите во ризик со цел да им се обезбеди потребната поддршка и ресурси. Локалните активисти ќе спроведат мапирање на заедницата за да идентификуваат места каде што е веројатно да се најдат млади во ризик. Ова вклучува училишта, центри на заедницата, улици и други јавни места. По идентификацијата на младите во ризик, локалните активисти ќе соберат детални информации за идентификуваните млади лица, вклучувајќи ја нивната позадина, моментална состојба и специфични потреби. Ова ќе вклучува директни интервјуа, анкети и консултации со членовите на заедницата.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, локални активисти/ки ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:

  • Оствари контакт и соработка со млади во ризик во својот регион;
  • Идентификува и мапира млади лица во ризик преку теренска работа и локални мрежи;
  • Поддржи и учествува во организирање на активности за активно вклучување на младите (работилници, средби, неформални активности и сл.);
  • Обезбеди присуство и ангажман на младите во активностите на проектот;
  • Прибира основни информации за потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во ризик;
  • Доставува кратки извештаи за спроведените активности до проектниот тим;
  • Одржува редовна комуникација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.

 Потребни квалификации за локалните активисти/ки

  • Најмалку завршено средно образование;
  • Искуство во теренска работа, работа со млади, ранливи категории или локални заедници, особено преку граѓански организации, младински центри или волонтерски ангажман, ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и интерперсонални вештини, способност за воспоставување доверба и работа со млади лица во ризик, со почитување на принципите на доверливост, недискриминација и човекови права;
  • Добро познавање на локалната заедница и подготвеност за редовна теренска работа, вклучително и соработка со локални институции, организации и неформални групи;
  • Основни организациски и административни вештини, вклучувајќи способност за водење евиденција, подготовка на кратки извештаи и користење на MS Office (Word, Excel) и електронска комуникација.

Временска рамка и надомест

Локални активисти/ки ќе бидат ангажиран/и  10 месеци во периодот помеѓу 01 март до 31 декември 2026 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет човекови права.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на

  • Работна биографија (CV)

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Релевантна биографија и искуство – 100 поени

Заитересираните кандидати да достават свое CV до Хелсиншкиот комитет за човекови права. Рокот за аплицирање е до 04.02.2026 година.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на телефонскиот број +389 2/3119-073.