БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДВОДНВЕНА ОБУКА

март 11, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за хотелско сместување за одржување на дводневна обука за период од 02.04.2026 до 03.04.2026 за 12 лица.

  1. Опис на бараната набавка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women. Во рамки на проектот се организира дводневна обука.

 

1.1 Опис на бараните услуги:

Обуката е планирана за 02.04.2026 – 03.04.2026 на база на полн пансион за 12 лица во еднокреветни соби. Пристигнувањето е планирано во четврток со вклучен ручек, а заминувањето во петок е предвидено после ручек.

Во понудата покрај цената за престој по лице треба да се наведе:

  • Цена на конференциска сала со вклучена опрема (проектор, флип чарт табла)
  • Цена на кафе пауза по лице

 

Општи информации

Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените материјали. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 2 на овој документ.

 

  1. 2. Критериум за доделување на договорот за набавка

Критериумите за доделување на договорот за набавка се:

  • економски најповолна понуда
  • најдобар квалитет

За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.

Евалуација на понудите

При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, и квалитетот на понудата. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.

 

Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани;

 

Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.

 

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за хотелско сместување за дводневна обука“.

 

Рокот за испраќање на понуди е до 17.03.2026 до 16.00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или пак на helkom@mhc.org.mk.