ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДВЕ ДВОДНЕВНИ ОБУКИ ВО РАМКИ НА МЕНТОРСКА МРЕЖА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА РОБ
март 11, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia, поддржан од UN Women, објавува јавен повик за ангажман на експерт/ка за спроведување на две дводневни обуки за јакнење на капацитети на локални граѓански организации во рамки на менторска програма за родово одговорно буџетирање (РОБ) и застапување на локално ниво.
Цел на проектот
Целта на проектот е да се зајакнат граѓанските организации и да се унапредат практиките за родово одговорно буџетирање во единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, поттикнувајќи инклузивно владеење и правична распределба на ресурсите. Проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на локалните организации и активисти за да можат ефективно да влијаат врз буџетските процеси и да застапуваат за промени во локалните политики.
Цел на ангажманот
Овој повик има за цел да ангажира експерт/ка кој/а ќе дизајнира и спроведе сеопфатна менторска програма наменета за организациите – грантисти во четирите плански региони (Скопски, Источен, Југоисточен и Североисточен). Менторството е наменето за надградување на капациетите на организациите за разбирање на буџетските циклуси, родова анализа на буџетите и формулирање на предлог-политики.
Работни задачи и одговорности
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
- Развој на менторска рамка и материјали: Подготовка на методологија и едукативни материјали за менторската програма, прилагодени на потребите на локалните граѓански организации.
- Спроведување на обуки: Одржување на две (2) дводневни сеопфатни обуки за РОБ, кои ќе ги опфатат темите: буџетски циклуси, алатки за родово одговорно буџетирање, застапување и влијание врз креирање политики. Датумот за првата обука е одреден за 02.04.2026 – 03.04.2026 додека втората обука е предвидена во тек на јуни.
- 3. Поддршка при креирање на предлог-политики: Насочување и асистирање на организациите во процесот на изготвување на родово-одговорни предлог-политики кои ќе бидат поднесени до единиците на локалната самоуправа.
Очекувани резултати:
- Изработена програма и материјали за обука;
- Спроведени две дводневни обуки со најмалку 10 учесници по обука;
- Финализирани предлог-политики од страна на под-грантистите (согласно проектните индикатори)
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование во областа на општествените науки, економијата, родовите студии или сродни области;
- Најмалку 5 години професионално искуство во областа на родовата еднаквост и/или родово одговорно буџетирање;
- Докажано искуство во спроведување на обуки и менторство за граѓански организации;
- Одлично познавање на системот на локална самоуправа и буџетските процеси во РСМ;
- Искуство во креирање на јавни политики и застапување;
Временска рамка
Експертот/ката ќе биде ангажиран/а во период дефиниран во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет, согласно динамиката на проектните активности (предвиден почеток: 23.03.2026 година).
Постапка за пријавување и критериуми за избор
Овој повик е јавен. Секој кој ги исполнува потребните квалификации може да се пријави со доставување на:
- Работна биографија (CV) со акцент на релевантното искуство;
- Кратка предлог методологија за спроведување на менторската програма (не подолга од 1 страна);
- Финансиска понуда: Понудена бруто цена по експертски ден (или вкупна цена за целиот ангажман, зависно од вашата преференција).
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Релевантна биографија и искуство – 40 поени
- Предлог методологија – 40 поени
- Понудена бруто цена – 20 поени
Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за експерт/ка за РОБ менторска програма“.
Рокот за аплицирање е до 17.03.2026 до 16.00 часот.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или пак на helkom@mhc.org.mk.
