Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)

февруари 12, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на експерт-ка за изработка на методологија за спроведување на мониторинг на затворени институции.

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:

  •     Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
  •       Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
  •       Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.

Во рамки на проектот се предвидува изработка на сеопфатен прирачник заснован на пристап базиран на човекови права, наменет за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик во затворени институции и други релевантни установи. Прирачникот ќе служи како практичен водич за унапредување на знаењата, вештините и примената на стандардите за заштита и промоција на човековите права.

За таа цел се распишува повик за ангажирање на двајца експерти.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Подготовка на методологија за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик  (воспитно – поправниот дом – Тетово и  ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување).
  • Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на прирачникот. Преглед на релевантната национална и меѓународна правна рамка, специфични стандарди за заштита на правата на децата.
  • Практични насоки за секојдневна работа со деца и ранливи лица.
  • Примери, студии на случај и сценарија за практична примена.
  • Подготовка на драфт и финална верзија на прирачникот
  • Презентација на прирачникот на вработените во институциите
  • Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.

 Потребни квалификации за двата експерти

  • Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман, работа со деца и маргинализирани групи граѓани;
  • Познавање на стандарди за детска заштита
  • Најмалку 3 години искуство во анализа на законска рамка и јавни политики
  • Претходно искуство во изработка на прирачници, анализи или методологии;
  • Напредно познавање на англискиот јазик и
  • Напредни истражувачки и аналитички способности.

Временска рамка и надомест

Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а  10 дена (вкупно 20 дена за двата експерти) во периодот помеѓу март и јуни 2026 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет човекови права.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на

  • Работна биографија (CV)
  • Кратка предлог методологија (не подолга од 1 страна)
  • Понудена бруто цена за 10 експертски дена (еден експертски ден се 8 часа)

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Релевантна биографија и искуство – 40 поени
  • Предлог методологија– 40 поени
  • Понудена бруто цена – 20 поени

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: helkom@mhc.org.mk и tona.kareva@mhc.org.mk со назнака „Пријава за експерт/ка за изработка на прирачник“. Рокот за аплицирање е до 20.02.2026 година.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.