Посета на специјалните установи и психијатриските болници во РМ

февруари 12, 2013

Извештај од посетата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ на специјалните установи и психијатриските болници во РМ за 2011 и 2012 година

Хелсиншкиот комитет за човекови права во јули 2011 година започна со спроведување на проектот “Набљудување на имплементацијата на националниот превентивен механизам за спречување на тортура и друг вид нечовечко или понижувачко постапување или казнување на територијата на Република Македонија“, финансиски поддржан од страна на Фондацијата Oтворено општество – Македонија. Посетите се одвиваа според следнава динамика:

– Посета на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје во Бардовци

– Посета на ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци“

– Посета на Специјалниот завод за тешко и длабоко ментално ретардирани лица – Демир Капија

– Посета на ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар

– Посета на ЈУ Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско.