Скопска парада на гордоста 2024: Спектакуларно непослушни!

декември 30, 2024

Зошто Парадата на гордоста е протест
?За да можеме да бидеме свои, автентични и истовремено безбедни – и дома и надвор. Протестот е барање за институциите на системот да гарантираат безбеден живот и да ги штитат нашите човекови права и слободи.
?За да можеме подеднакво да учествуваме во општествениот и политичкиот живот без дискриминација и исклучување. Протестот е барање за институциите на системот да гарантираат еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување на сите луѓе без разлика на нашата сексуална ориентација или родов идентитет.
?За да можеме да се школуваме во образовен систем кој учи на прифаќање на разликите и промовира социјална кохезија наместо исклучување. Протестот е барање за Владата да обезбеди образовен систем, курикулуми и програми кој ќе ги градат светогледите на идните генерации засновани на демократски вредности, солидарност, емпатија и грижа.
?За да можеме да имаме лични документи кои ќе го изразуваат нашиот род. Протестот е барање до Собранието да го усвои законот за матична евиденција со вклучен модел за правно признавање на родот заснован на самоопределување.
? За да можеме подеднакво да имаме пристап до здравствени услуги и уживаме квалитетен живот и здравје. Протестот е барање за здравствениот систем да се прилагоди кон потребите на различните групи граѓани и со тоа да биде вклучувачки и недискриминаторски.

Youtube видео

Скопска парада на гордоста 2024: Спектакуларно непослушни!