Говорот на омраза нема место во фудбалот!
мај 26, 2025

Заедно со Фудбалската федерација на Македонија и фудбалерите од македонската лига испраќаме јасна порака:
„Говорот на омраза нема место во фудбалот!“
Фудбалот не е само спорт – тоа е страст, љубов и игра што нè обединува. На трибините, на теренот и надвор од него, фудбалот треба да биде симбол на единство, почит и фер-игра.
Кога се натпреваруваме, да го правиме тоа со почит – и кон противникот, и кон играта.
Кога навиваме, да го правиме тоа со срце – но без навреди!
Поддржи фер-игра – на теренот и на трибините.
Биди дел од позитивната промена. Избери почит. Избери фер-плеј.
Youtube видео
Говорот на омраза нема место во фудбалот
Поставени видеа
Игра без говор на омраза

