Повик за изработка на кампања
септември 15, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамките на проектот на проектот ,,Мониторинг на говорот на омраза – гаранција за демократски избори oбјавува повик за изготвување кампања за важноста на фер, инклузивни и транспарентни избори без говор на омраза,.
Главната цел на кампањата да ја зголеми свеста за значењето на фер, инклузивни и транспарентни избори, со фокус на спречување на говор на омраза, етичко однесување и намалување на ширењето на дезинформации.
Во склоп на овој ангажман потребно е да се изработат 10 картички и 3 инфографици за социјални мрежи.
Избор на лице кое ќе биде ангажирано
На овој повик имаат право да учествуваат правни лица или физички лица што ги исполнуваат следниве критериуми:
–Работно искуство минимум две години во изработка на кампањи и графички дизајн.
–Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) или портфолио во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи.
Спроведување на работните задачи
Времетраењето на ангажманот ќе започне веднаш по склучување на договорот и ќе трае до завршување на кампањата, најдоцна до завршување на локалните избори 2025.
Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со анжираното правно или физичко лице каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.
Начин на пријавување
За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават:
-професионална биографија (CV) или портфолио, во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи; и
-финансиска понуда за реализирање на активностите
Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата slavica.anastasovska@mhc.org.mk најдоцна до 22.09.2025 година со назнака „Избор за изработка на кампања за избори“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии или портфолија и евалуација на финансиските понуди.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.
„Мониторинг на говорот на омраза – гаранција за демократски избори” е проект спроведуван од Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на документот е единствена одговорност на спроведувачот на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.