Дигитална писменост и кибербезбедност во Република Северна Македонија: Документ за политики

декември 26, 2024

Документот за политики за дигитална писменост и кибербезбедност во Република Северна Македонија е развиен со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Содржината на документот е единствена одговорност на имплементаторите на проектот и не ги одразува ставовите на Кралството Норвешка.

 

Во денешниот меѓусебно поврзан свет, во кој дигиталните технологии ги оформуваат нашите секојдневни интеракции и протокот на информации со невидена брзина, суштински неопходно е младите луѓе да ја разберат важноста на заштитата на личните податоци, правото на приватност, човековите права и
дигиталните права, медиумската писменост, кибернасилството и дигиталното родово насилство. Затоа, целта на овој документ за политики е да даде препораки за вклучените чинители – Министерството за образование и наука, средните училишта и различните тела (Државен испитен центар, Центар за стручно средно образование, Биро за развој на образованието) – да пристапат кон:

Клучни пораки и препораки:

Развој на национална рамка за подобрување на формалното образование во делот на дигиталните права

Обука и професионален развој на наставниците

Развој на инфраструктурата

Образовни ресурси

Следење и евалуација