АНАЛИЗА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Извештај за унапредување на пристапот до правда врз основа на анализирани податоци од дата-базата и мониторингот на судски постапки

јуни 24, 2024

Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија од 1.1.2023 година, започна со имплементација на проектот „Унапредување на заштитните механизми за бесплатна правна помош и говор на омраза во Република Северна Македонија“, чија цел е унапредување на сопствените капацитети во своето дејствување во областа
на човековите права и владеење на правото, како и унапредување на заштитните механизми за бесплатната правна помош и говорот на омраза во Република Северна Македонија.

Главните придобивки од имплементацијата на овој проект се насочени кон унапредувањето на пристапот до правда преку обезбедување примарна правна помош за сите физички лица што имаат живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Северна Македонија, како и унапреден пристап до секундарна правна помош за сите лица што ги исполнуваат условите согласно Законот за бесплатна правна помош, преку поднесување барања за секундарна правна помош до Министерството за правда.

Дополнително, во рамките на проектот е воспоставен редовен мониторинг на судски постапки за предмети од обезбедена примарна правна помош и предмети што се од јавен интерес, со цел мониторинг на работата на судовите. Со ова, практично, во рамките на проектот е воспоставен сервис за бесплатна правна помош, достапен за сите лица, особено за ранливите и маргинализираните заедници, а сè со цел полесен пристап до правда