Против дискриминација на ЛГБТИ+ луѓето во Западен Балкан и Турција
ноември 27, 2022
Дискриминацијата е присутна речиси на сите полиња од јавниот и приватниот живот на ЛГБТИ+ луѓето кои живеат во Западен Балкан и Турција:
Образование, вработување, социјални услуги, здравство, пристап до правда, слобода на изразување и слобода на мирно собирање.
Да се бориме за
Еднакви права | Љубов | Слобода | Разновидност | Единство | Гордост
Кликнете на https://webar.inthecoloursofequality.com/ или скенирајте го QR кодот за да го видите светот околу вас исполнет со волшебни бои кои произлегуваат од прекрасната разноликост на на сите луѓе!
Фотографирајте се или направете видео и споделете.
Игнорирањето на постоењето и правата на ЛГБТИ+ луѓето доведува до голем број на предизвици и потешкотии за овие заедници.
ЛГБТИ+ луѓето се соочуваат со постојана дискриминација во секојдневниот живот, хомофобија, трансфобија, вознемирување, говор на омраза и злосторства од омраза, социјална исклученост, проблеми со законско признавање на полот, признавање на истополови партнерства и бракови, пристап до социјалните и здравствени услуги, па дури и вработување.
Биди оној кој ќе ја предводи промената, кој ќе ги охрабрува и безрезервно почитува ЛГБТИ+ лицата и ќе се бори за сигурна иднина. Иднина во која сите сме слободни да бидеме тоа што сме!
Мораме да бидеме свесни за присуството на ЛГБТИ+ луѓето во општеството и да се залагаме за социјална инклузивност.
Биди сојузник, придружи се на движењето и поддржи инклузивност на ЛГБТИ+ луѓето во сите општествени полиња!
Заедно можеже да постигнеме многу повеќе!
Ти можеш да направиш промена!
Ајде да им помогнеме на ЛГБТИ+ учениците да се чувствуваат слободни во изразување на својот идентитет на училиште!
До сите соученици,
Слушајте ги вашите ЛГБТИ+ врсници и едуцирајте се за нивните проблеми.
Зборувајте кога ќе видите каква било форма на малтретирање, насилство или навреди кон ЛГБТИ+ луѓето.
Ајде да направиме ЛГБТИ+ учениците да се чувствуваат слободни во изразување на својот идентитет на училиште!
Биди дел од новата генерација на прогресивни умови!
Кажи ДА за сексуално образование во училиштата.
Со поткренување на свесноста за ЛГБТИ+ лицата можеме да ја прекинеме континуираната стигма против оваа заедница.
Ајде да се предизвикаме себеси да размислуваме „надвор од кутијата“
Да влијаеме позитивно врз животите на ЛГБТИ+ луѓето!
Ги охрабруваме ЛГБТИ+ луѓето и нивните поддржувачи да препознаат говор на омраза и злосторство од омраза, да побараат помош и поддршка и доколку е можно да пријават.
Да направиме ЛГБТИ+ луѓето да се чувствуваат безбедно и заштитено!
Затоа што:
Влијае врз прогресот за постигнување еднаквост и ослободување од дискриминација;
Затоа што помага да се спречат говорот на омраза и злосторствата предизвикани од омраза;
Затоа што на овој начин им даваме поддршка на сите луѓе да се чувствуваат слободно во нивното изразување.
Да ja славиме различноста на ЛГБТИ+ луѓето!