Топ Тема: Како да се спречи користењето на интернетот како бришан простор за егзибиционистите и квази новинари, ширењето говор на омраза, мизогинија и ксенофобија?

февруари 25, 2023

Интернетот бришан простор за егзибиционисти и квази-новинари, за ширење говор на омраза, ксенофобија, мизогинија и за уцени.
Колку интернетот е затруен со овие кривични дела?
Реагираат ли институциите навремено?
Знаат ли корисниците што е дозволено во интернет просторот, а што не?
Во Топ Тема со Тамара Грнчароска, дебата со Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Неда Здравева од Хелсиншки комитет, Бојан Кордалов – комуниколог и Борче Стаменов од „Донирај компјутер“.