ПОВИК ЗА РЕГРАНТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

февруари 27, 2023

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија”   финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за изразување на интерес за учество во проектот од страна на локални организации кои работат во областа на човековите права кои делуваат надвор од градот Скопје.

Вкупно 5 (пет) граѓански организации ќе добијат финансиски средства врз основа на шемата за регрантирање. Целта на регрантирањето на помали граѓански организации ќе биде развој и унапредување на капацитетите за препознавање, регистрирање/документирање и проследување на злосторствата од омраза и говорот на омраза. Избраните граѓански организации ќе бидат известени и ќе имаат обврска да подготват работни планови пред доделувањето на грантот врз основа на кој ќе се изготват договорите. Ќе се потпишат посебни договори за регрантирање од по 10.000 евра по организација (во денарска противвредност, во бруто износ) за имплементација од 24 месеци.

Финансиската поддршка ќе се обезбедува преку четири еднакви  рати, од кои првата се плаќа на почетокот на договорот, а остатокот врз основа на примени и одобрени извештаи ќе треба да бидат поднесени на секои шест месеци. Подгрантистите  ќе имаат обврска да регистрираат говор на омраза што е специфичен за нивното подрачје, да ја информираат јавноста и да го подобрат знаењето за феноменот на говор на омраза. За Подгрантистите ќе бидат обезбедени два типа на обуки, после кои ќе имаат можност да работат во делот на препознавање на говорот на омраза, ќе бидат одговорни за собирање податоци и проследување случаи на говор на омраза до правната советничка на проектот во Хелсиншки Комитет и ќе имаат знаења од областа на проблемите на маргинализирани групи на граѓани.

КРИТЕРИУМИ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот од 15.03.2023 до 15.03.2025 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет. Една организација за да учествува во процес на регрантирање, треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Да биде регистрирана најмалку 3 години
  • Да работи во областа на човековите права и правата на маргинализирани групи на граѓани
  • Да покаже инстерест за унапредување на својата работа со маргинализирани лица

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • ТЕКОВНА СОСТОЈБА НЕ ПОСТАРА ОД МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ
  • ПОРТФОЛИО НА СПРОВЕДЕНИ ПРОЕКТИ/АКТИВНОСИ ИЛИ СТАТУТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
  • ПИСМО ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСТ ЗА ПОТРЕБИТЕ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ВАКОВ ПРОЕКТ
  • ЛИСТА НА ВРАБОТЕНИ И АНГАЖИРАНИ ЛИЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА

РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните организации за овој повик потребно е да ја достават потребната документација на следната електронска адреса:   elena.petrovska@mhc.org.mk  со назнака „Пријава за учество во regrantirawe“ најдоцна до 12 март (недела) 2023 година, do 23.59 часот. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл. Апликациите кои нема да ја содржат комплетната документација, нема да бидат земени во предвид. Комисијата за избор ќе ги извести организациите кои добиле грант најдоцна 3 денапо завршувањето на крајниот рок.

 

Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија.