Повик за ангажман на ментори/ки
февруари 24, 2022
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост” финансиран од страна на Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА) oбјавува повик за ангажирање на тројца ментори/ки кои ќе имаат задача да менторираат вкупно 9 организации, (по 3 организации на ментор) во период од 6 месеци.
Менторите треба да обезбедат подршка на локални организации во процесот на идентификување на потенцијални повици и донатори, поддршка при изработка и поднесување на проектната апликација, како и редовно поднесување извештаи за тековната работа до проектната координаторка.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот од 15.04.2022 до 15.10.2022 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.
НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 800 евра, по обучувач, за период од 6 месеци.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршени магистерски студии во областа на општествените науки;
- Добри познавања од областа на родовата еднаквост;
- Практично искуство во пишување на проектни апликации, особено за ЕУ фондови;
- Искуство во работа со граѓански организации
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик (најмногу до 2-3 страни) и мотивациско писмо во кое ќе биде наведено релевантното искуство согласно потребните квалификации во овој повик. Овие документи доставете ги на следната електронска адреса: slavica.anastasovska@mhc.org.mk со назнака „Ментор/ка на локални организации “ најдоцна до 3 март (четврток) 2022 година. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот маил.
Проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост”, имплементиран од Хелсинсшки комитет за човекови права е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Овој документ е создаден со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Хелсинсшки комитет за човекови права и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.