Повик за спроведување дводневна обука

февруари 24, 2022

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост”   финансиран од страна на Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка  (СИДА), oбјавува повик за ангажирање на експерти/експертки за спроведување на дводневна обука за зајакнување на капацитетите на локални организации  за пишување и подготвување проектни апликации,  со фокус на повици во рамки на Европската Унија.

ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Овој ангажман се состои во подготовка на програма (курикулум) и спроведување на дводневна обука за локални организации надвор од Скопје, Обуката треба да го опфати следново:

-Идентификување на општа цел и специфични цели;

– Градење на капацитети на организациите за идентификување на проблеми во локалната заедница/општеството, креирање на стратегии за нивно надминување;

-Изработка на ланец на резултати;

-Идентификување на извори (внатрешни и надворешни) за утврдување на анализа на проблем и анализа на ситуација;

-Изработка на логичка рамка (особено со фокус на идентификување на базични идикатори, посакувани цели, индикатори за мерење на напредок);

– Mониторирање на процесите и нивно пресликување во проектни активности како и евалуација на промените;

-Изработка на план на имплементација на активности;

-Матрица за мониторинг и евaлуација на проектните активности како и методологија за имплементација на проектот;

-Клучни елементи во наративно известување.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот од 15.03.2022 до 15.04.2022 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.

 

НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ

Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува минимум 400 евра по обучувач, во зависност од бројот на ангажирани обучувачи.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршени магистерски студии во областа на општествените науки;
  • Добри познавања од областа на родовата еднаквост;
  • Практично искуство во пишување на проектни апликации, особено за ЕУ фондови;
  • Искуство во работа со граѓански организации;
  • Искуство во подготовка и спроведување на обуки/ работилници.

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик не подолго од 2-3 страни, на следната електронска адреса slavica.anastasovska@mhc.org.mk  со назнака „Eксперт/ка за обука зa родова еднаквост“ најдоцна до 11 март (петок) 2022 година. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл.

 

 

Проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост”, имплементиран од Хелсиншки комитет за човекови права е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Овој документ е создаден со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Хелсинсшки комитет за човекови права  и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.