Извештај во сенка за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жени и семејното насилство во Северна Македонија
септември 10, 2021
Овој извештај беше подготвен од претставниците на Платформата за родова еднаквост и вклучи 9 монитори од 8 организации–членки (Реактор, Коалиција Маргини, ХЕРА, Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Организација на жени од Свети Николе, Tiiiit! Inc., ХОПС и Стела Нетворк) кои ги собраа потребните податоци за извештајот. Конечниот текст на извештајот го состави експертката Билјана Котевска. Извештајот е подготвен во рамките на проектот Градење капацитети за граѓански организации за изработка на извештај во сенка ГРЕВИО, финансиран од UN Women, што Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведуваше во периодот од август 2020 година до септември 2021 година. Проектните активности вклучија и градење на капацитетите на претставниците од ГО со цел да ја поддржат координацијата на мониторингот на имплементацијата на ИК и да го зајакнат капацитетот на ГО за да создадат заедничка сенка на ГРЕВИО. Овој извештај ќе послужи како основа за конечниот извештај во сенка што Платформата за родова еднаквост ќе го подготви и достави до Комитетот ГРЕВИО во 2022 година, во согласност со рокот за државен извештај.